Милан даде гол во 28. секунда, па ја „сочува главата“ во Бергамо (ВИДЕО)

382

Милан на репрезентативната пауза заминува со победа. „Росонерите“ на гостувањето кај Аталанта славеа со 2-3 во рамките на 7. коло во Серија А. Во италијанскиот шампионат, Наполи останува единствен без пораз, не само во Италија, туку и во останатите најсилни европски лиги, има 21 бод, додека Милан е на минус два бода.

Дуелот го отвори Калабриа, постигна гол уште во првите 28 секунди, во 43. минута Тонали зголеми на 0-2, стрелец на третиот погодок беше Леао во 78. минута. На другата страна домашниот тим успеа да намали на 2-3, Запата и Пашалиќ беа реализатори на головите за драма во самиот финиш.

На крајот Милан успеа да ја сочува предноста и да ја продолжи битката за првото место на табелата.

ФОТО: Милан/Твитер

ПретходноКлоп: Не сакаш да се вакцинираш? Па тоа е исто како да возиш пијан!
СледноНајдобар пласман за Вуков сезонава