ПСЖ загуби од Рен, ова е прв пораз на „светците“ сезонава во Лига 1. Сепак треба да се каже дека пред патувањето во Рен, клубот од Париз имаше неочекувани проблеми, да не кажеме и драма.
Поради невремето летот за Рен беше откажан утринава, па затоа раководството на ПСЖ одлучило екипата да патува со автобус, што секако дека ѕвездите на клубот од “Паркот на принцовите“ не се навикнати.
Па така тие за време на една пауза, влегле во маркет на една бензиска пумпа и си легнале на подот.
На ова фото убаво се гледа како дел од ѕвездите на ПСЖ го “тепаат“ времето на паузата при патувањето за Рен, и тоа на бензиска пумпа.