Бернард Тапи, француски бизнисмен и поранешен претседател на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј, под чие водство клубот ја освои Лигата на шампионите во 1993 година, почина во 78. година од животот.
Неговото семејство, француските политичари и фудбалскиот клуб Марсеј објавија дека тој починал.
„Олимпик Марсеј жали за смртта на Бернард Тапи. Тој ќе остави голема трага во срцата на жителите на Марсеј и засекогаш ќе остане легенда на клубот“, се вели во соопштението на клубот.
Како син на водоинсталатер, Тапи е роден во Париз во 1943 година. Ова сиромашно момче од париските предградија ќе стане еден од најбогатите луѓе во Франција и во 1986 година ќе го купи фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј. Харизматичниот претседател на Марсеј го водеше клубот од 1986 до 1994 година кога го победи Милан со 1-0 во финалето на Лигата на шампионите во 1993 година. Претходно, загуби од Ц. Звезда во финалето во Бари во 1991 година.
Под негово водство, Марсеј беше шампион на Франција петпати.