Македонија ја совлада Молдавија со 4:0 и по пауза од 7 години тоа е прва победа во квалификациски натпревар а воедно и прва победа како селекторка на Катерина Милеска. Meчот се играше во Талин, Естонија во рамките од групата Б во квалификациите за ЕП.
Головите ги постигнаа Панеска во 8 минута од пенал, потоа Настовска во 14 минута, па Села во 78 минута и на крајот уште еден гол на Панеска во 82 минута.
Ова воедно е најубедлива победа во досегашната историја на У-17 на еден официјален квалификациски натпревар.