Рамос за десетина дена ќе дебитира во дресот на ПСЖ

71

Серхио Рамос многу скоро ќе дебитира во дресот на ПСЖ. Според француските медиуми, тоа ќе се случи по претстојната пауза за репрезентативни настапи.

Дефанзивецот се уште се опоравува од повредата, но се очекува да биде целосно подготвен за натпреварот со Анжер на 15 октомври.

Последниот натпревар кој Шпанецот го одигра беше оној со Челзи на 5 мај, кога лондончани победија со 2-0 против Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите.

ПретходноДарио Ивановски и Адриана Поп Арсова со нови македонски рекорди победници на Скопскиот маратон (ФОТО)
СледноБитола се буди: Пелистер го пречекува МЗТ Скопје во дербито на колото