Рен со “ШЛАКАНИЦА“ за мега – ѕвездите на ПСЖ!

225

Сензација во Рен, во меч од 9.коло во Лига 1. Имено Рен успеа да го победи ПСЖ со 2:0 и да му го нанесе првиот пораз на ѕвездениот тим на стратегот Маурицио Покетино во сезоната. Значи нема девет од девет нема перфекција за “светците“.

Ова е голема, силна „ШЛАКАНИЦА“ за мега – ѕвездите, како Меси, Нејмар, Мбапе… сите тие го започнаа мечот, имаа и голем број шанси во првиот дел, неверојатни промашувања, Меси ја погоди и пречката, но сепак бадијала.

Рен поведе со голот на Лаборд во 45.минута, а веќе во првите секунди од вториот дел Таит зголеми на 2:0.

Мбапе стрелаше за 2:1 во 68.минута, но ВАР го поништи тој гол. Можеше да биде и 3:0 за Рен, во 82.минута беше покажан пенал за домашните, но по проверката на ВАР сепак немаше пенал.

Значи тимот кој пред неколку дена го победи Манчестер Сити во ЛШ, и тоа убедливо, денеска загуби од Рен.

На крај да кажеме и тоа дека и покрај сите ѕвезди во тимот, ПСЖ не упати удар во рамките на голот во текот на 96 минути.

Па, зарем е можно?

ПретходноБолоња го “торпедираше“ Лацио!
СледноМожеби затоа и загубија: Мбапе, Меси, Нејмар, Хакими…лежат на бензиска пумпа!