Седлоски: Заслужена победа над Работнички во дербито!

325

Гоце Седлоски, стратегот на Шкупи има причини да биде задоволен по дербито на 9.коло во ПМФЛ, со оглед на тоа дека неговиот состав успеа со 2:0 да го победи Работнички.

Сега чаирчани се први со 20 бодови, и тоа два повеќе од втората Ренова. Па така во оваа двонеделна пауза ќе ја минат како лидери.

Седлоски, тренерот на победничкиот тим за “Спортмедиа“ по дербито изјави:

Секако дека сум задоволен. Успеавме рано да го отвориме резултатот, штета што Радески не го реализираше зицерот, ќе беше 2:0 и веројатно ќе беше се готово. Во вториот дел Рботнички десетина минути ја имаше иницијативата, имаше и шанси, но по нашиот втор гол веќе се знаеше победникот. На крајот имавме шанси за и поубедлив триумф. Реков дека сум задоволен, победивме квалитетен состав кој го води мојот пријател и некогашен соработник Александар Влахо“ заврши Седлоски.

ПретходноСензација: Пешевски и Штутгарт го урнаа Рајн Некар
СледноПрва победа на женската фудбалска селекција У17 по пауза од 7 години