Солскјер: Верувам во овој тим, пред нас е многу важен месец

113

Тимот на Манчестер Јунајтед вчера не успеа да се исправи пред предизвикот наречен домашен дуел против Евертон и одигра само 1:1. Не успеа да ги освои трите бода, и се оддалечи уште повеќе од лидерските позиции на табелата.

Тренерот Оле Гунар Солскјер изјави дека тој и неговиот тим направиле неколку грешки кои ги чинеле триумф и дека ќе се поправат во мечевите кои следуваат.

„Примивме гол во незгоден момент, по паузата, и тоа не чинеше победа. Не успеавме да го постигнеме важниот втор гол. Донесовме неколку погрешни одлуки и тие не чинеше многу. Мораме да продолжиме да работиме бидејќи ќе се сретнеме со се повеќе тимови кои ќе ни овозможат да ја контролираме топката“ – рече Солскјер па додаде. 

„Пред нас е многу важен месец. Треба да останеме фокусирани и да се погрижиме на најдобар начин да ја искористиме паузата за репрезентациите. Ставот на играчите е добар, тие сакаат да се подобрат. Доминиравме на денешниот натпревар, но едноставно не успеавме да го постигнеме вториот гол што ни беше потребен. Уверен сум дека ќе го видиме најдоброто од овој тим. Многу се случи овој месец, но јас верувам во овие играчи и овој тренерски штаб “, го коментираше Норвежанецот вчерашниот натпревар.

Исто така, менаџерот на „Црвените ѓаволи“ изјави дека не жали за одлуката да ги остави на клупата Кристијано Роналдо, Пол Погба и Санчо, кои се појавија на теренот во второто полувреме.

„ Одлуките се носат врз база на долгата сезона и обемот на мечевите. Ентони Марсијал добро се снајде и постигна гол. На Единсон Кавани му беа потребни минути и можеше да постигне гол. Овие одлуки само треба да се донесат во одредени моменти “, беше категоричен Солскјаер.

ПретходноБаркли прогнозираше кои три тимa ќе се борат за НБА титулата во новата сезона
СледноКуман: Разговарав со претседателот, се е во ред