Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 2:2 во рамките на 7. коло на Премиер лигата. Сите голови паднаа во второто полувреме. Садио Мане го доведе Ливерпул во предност во 59. минута, а изедначи Фил Фоден десет минути подоцна.
Но набргу Мохамед Салах направи прекрасен слалом и го совлада Едерсон за водство на „црвените“ со 2:1. Но „граѓаните“ освоија бод со голот на Кевин де Брујн и неговиот шут од 16 метри.
Во финишот на мечот Фабињо се најде во одлична можност меѓутоа невиот обид беше изблокиран.
Ова е трето реми на Ливерпул сезонава, а второ за Манчестер Сити.