Ќе “врие“ во Кадино, продадени сите 1.000 билети за дербито со Вардар!

1609

Дербито на 6.коло во ВМФЛ – ЗАПАД се игра во скопската приградска населба Кадино. Денеска од 15 часот домашниот тим на Кадино го пречекува Вардар, нашиот најтрофеен клуб кој оваа сезона игра во Втората лига.

И се разбира дека Вардар е “магнет“ за сите фанови, па така и за оние во Кадино. Нашите информации говорат дека ќе “врие“ во Кадино. Продадени се сите 1.000 билети,нешто што не е запаметено во клупската историја на Кадино.

Па, нели, не секој ден доаѓа Вардар. Но фановите на Кадино не сакаат само да го видат Вардар, туку посакуваат од своите фудбалери и добар резултат на дербито од 6.коло во ВМФЛ – ЗАПАД.

ПретходноБранителот на тронот го предизвикува непоразениот во мега-пресметката на „Енфилд“
СледноВатфорд го отпушти Муњоз: Раниери ќе биде нов менаџер на „стршлените“?