Toтенхем не дозволи четврти пораз по ред, Вест Хем изгуби дома (видео)

123

Екипата на Тотенхем со 2:1 славеше над Астон Вила во 7. коло на Премиер лигата и со тоа ја прекина серијата од три порази по ред. „Спарс“ конечно се разиграа во нападот, но Хари Кејн не се запиша во листата на стрелци. Свој ден имаше јужнокорејскиот фудбалер Сон кој запиша две асистенции за головите на Хојберг и на Лукас.

Оли Воткинс го постигна единствениот гол за Астон Вила во 60. минута за 1:1.

Вест Хем неочекувано изгуби од Брентфорд со 1:2. Голот за „пчеличките“ го реализира Мебумо во првото полувреме, а Бовен погоди за изедначување во 80. минута, но гостите дојдоа до трите бода со гол на Виса во втората минута од судиското продолжение на мечот.

А Кристал Палас и Лестер одиграа 2:2 иако гостите два пати водеа. Во првото полувреме погодија Ихеначо и Варди, а во второто домаќините изедначија преку Олисе и Шлуп.

Од 17:30 играат Ливерпул и Манчестер Сити.

 

 

ПретходноШкупи гази ли гази, совладан и Работнички во скопското дерби! (видео)
СледноШест гола во Џенова, Кваљарела 17 сезона по ред ги тресе мрежите!