Алегри: Ова е нашиот најдобар меч сезонава

99

Тимот на Јувентус вчера го доби дербито на Торино против истоимениот противник и тоа со голот на Мануел Локатели во 86. минута од мечот за конечни 0:1.

Тежок натпревар но бодовите се на контото на „Старата дама“ нешто што во моментов е исклучително важно за Масимилијано Алегри и неговите избраници.

„Пред паузата бевме доста статични, особено на десната страна. Лесно ја загубивме топката и тоа ни направи проблеми. Во второто полувреме фудбалерите на Торино се уморија и ние го подигнавме темпото. Треба само да го подобриме позиционирањето “, коментираше Алегри. 

„Заедно со првото полувреме против Милан , ова беше нашиот најсилен настап сезонава. Разочарувачки ќе беше ако не победивме. Моисе Кеан одигра добро , освен  што неколку пати ја загуби топката на почетокот на натпреварот “, изјави Алегри по мечот па продолжи.

„Де Лихт е многу добар играч, иако има само 22 години. Да не заборавиме дека дојде од шампионат во кој се практикува сосема поинаков стил. Во Италија тој мора да научи да ја чита играта и да биде поагресивен во дуелите. Кулушевски исто така е многу талентиран. „Младите имаат предност да играат заедно со Кијелини и Бонучи , од кои можат да учат“, додаде Алегри.

ПретходноМаркоски: Победа е опцијата за Шкупи против Работнички
СледноВМФЛ – ЗАПАД:Кадино се “остри“ за Вардар, Воска и гостува на Беса а Силекс сака шест од шест!