30-годишниот Таунсенд кој вчера постигна гол за израмнување и бод на гостувањето против Манчестер Ј. откри зошто реши голот да го прослави во стилот на Кристијано Роналдо, кој мечот го почна од клупата за домашните.
Приврзаниците на Јунајтед логично на гестот гледаа како провокација, но крилото на „карамелите“ објасни дека немал намера да покаже непочитување и да ја испровоцира sвездата на Јунајтед.
„Не, нема никакво непочитување. Овој човек е мојот идол”, им рекол Таунсенд на новинарите.
„Поминав часови копирајќи ги неговите техники, можеби требаше да поминам повеќе време за да го истренирам неговиот начин на славење. Но, тоа беше покажување почит кон Роналдо. Ми беше чест да се бидам на ист терен со него”.