Роберто Парондо со својот Мелзунген успеа да го победи Хановер, на Филип Кузмановски со 25-23.
Сепак се беше во втор план, и тоа поради домашниот голман Доменико Ебнер, кој беше изнесен на носилки од теренот.
Тој при падот имаше незгодно приземјување, притоа немаше никаков контакт, кога се подигна се фати со рацете за левата страна на градите во пределот на срцето и побара измена.
Направи чекор два, а потоа се испружи на паркетот.
Настана мала паника, лекарскиот тим веднаш реагираше, му се даде прва помош а потоа на носилки беше изнесен од терен и пратен во болница.