Дарио Ивановски и Адриана Поп Арсова со нови македонски рекорди победници на Скопскиот маратон (ФОТО)

640

Најдобрите македонски маратонци, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на годинешниот Скопски маратон 2021. Со нови македонски рекорди и двајцата успеаја да ја победат конкуренцијата.

На машкиот маратон, Ивановски доминираше, и на крајот триумфираше со време од 02:21:27 часа, оставајќи го зад себе Босанецот Младен Ставановиќ кој финишираше со задоцнување од околу 13 минути зад победникот. Трет заврши Давид Перлич од Германија со 17 минути задоцнување зад Ивановски.

Во женска конкуренција Поп Арсова оствари време на нов македонски рекорд 02:40:36 часа, три минути подобро од второпласираната Силвија Јукаила од Еквадор, и дури 15 минути подобро од третопласираната, нашата Билјана Кираџиева.

Годинава на маратонската трка беа пријавени околу 150 маратонци од повеќе светски земји.

На полумаратонот каде конкуренцијата беше поголема, првите три места ги освоија натпреварувачи од странство. Победник на машкиот полумаратон беше Ценков од Бугарија (01:09:10 часа), пред Фримен од САД и Мамуша од Албанија.

Кај девојките победи нашата Милјана Ристиќ (01:26:09 часа), пред Кендреса Рамадани и Сања Најдовски.

ПретходноПике: Уште три часа да игравме немаше да дадеме гол
СледноРамос за десетина дена ќе дебитира во дресот на ПСЖ