И порај огромниот притисок и безброј шпекулациите за негова смена, односно лцитирање со потенцијалниот негов наследник на клупата на Барселона, Роналд Куман сеуште се чувствува безбедно на ова место.
Резултатите се катастрофални, загубен е и мечот против Атлетико Мадрид викендов но Куман вели дека во моментов ниту има место за паника, ниту пак тој како тренер на Барселона се чувствува загрозен.
„РАзговарав со претседателот на клубот два пати. Сакав јасно да ми се даде одговор на прашањето каков е мојот статус во моментов, и задоволен сум од одговорот. Претседателот разговараше со бордот, со оние со кои треба да се консултира, ја донесе одлуката и тоа е одлично. Сигурен сум дека ќе бидеме подобри затоа што ни фалат оромен број на играчи. Во моментов играчи за врска ни играат на крилните позиции. Наското ќе се вратат Алба, Дембеле и Агуеро и ќе бидеме поопасни во нападот“ – изјави Куман.