Металург преку Струга стави крај на црната низа

141

По серијата четири порази во низа Металург конечно дојде до првиот триумф во Суперлигата оваа сезона. Тимот од Автокоманда на домашен терен ја совлада Струга со 27-22 во меч од петото коло.

Израмнета игра имаше на стартот на натпреварот, по што Металург дојде до водство од 9-5, највисоката позитива во овој дел беше пет гола, на полувремето домаќинот замина со резултат 14-10.

Ракометарите на Металург не дозволија да им се случи сценариото од Кавадарци, овој пат одиграа постабилно против далеку послабиот противник, кој во ниту еден момент немаше простор за било какво изненадување.

Озтурк запиша 8 гола, Риберио имаше пет погодоци, кај гостите Јанковски реализираше шест гола.

ПретходноАктуелниот првак падна во Битола, Пелистер тргна победнички
СледноНа Покетино не му е лесно со ѕвездите на ПСЖ: Одговорноста за поразот е моја