Страшна вест од Охрид. 17-годишниот ракометар на ГРК Охрид Јован Николовски загина во сообраќајна несреќа кај селото Ботун, Охридско. Тој заедно со уште еден малолетник со возило излетале од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, додека неговиот сопатник починал како последица на повредите, пренесува „Ohrid1.com“. СВР Охрид го расчистува случајот.
Играчите и управата на клубот испратија сочувство до фамилијата.