Шкупи на Чаир, по првите 45.минути од дербито на 9.коло во ПМФЛ, води против Работнички со 1:0. Стрелец на голот беше Адетунџи Сандеј во 10.минута кога го искористи киксот на дефанзивецот на гостите, Кировски. Претходно Алварез одлично ја уфрли таа топка.
Во текот на целиот прв дел Шкупи беше тој што ја диктираше играта, создаваше шанси, додека Работнички иако имаше посед на топката, сепак не успеа посериозно да се закани кон голот на Наумовски.
Да кажеме дека во 8.минута капитенот на Шкупи, Фати Исмаили мораше поради тешка повреда, веројатно страдаа лигаментите, да ја напушти играта.
Место него влезе Константин Чешмеџиев.