Никола Серафимов и неговиот Залаегерсег денеска во рамките од осмото коло од шампионатот на Унгарија беа подобри од екипата на МТК за која настапи Бојан Миовски.
Конечниот резултат гласи 2:0 во дуел во кој домашните ги искористија своите шанси за разлика од противникот, и освоија злато вредни три бода со кои си ја поправаат ситуацијата на табелата.
Даниел Миловановиќ не доби шанса на овој меч, a Серафимов и Миовски по овој меч се упатија за Скопје каде што в понеделник треба да му се стават на располагање на селекторот Благоја Милевски за претстојните мечеви против Лихтенштајн односно Германија во рамките од мундијалските квалификации.