Многу се зборува околу судбината на Роналд Куман на клупата на Барселона, а ко беше малку се она што се случуваше претходните денови, Барса вчера загуби од Атлетико Мадрид на гостински терен со 2:0. Еден од стрелците Луис Суарез човекот кој го носеше дресот на Барселона долго време и кој донесе со своите голови многу успеси на овој клуб.
Сепак, по доаѓањето на Куман, јасно му беше ставено до знаење дека клубот не смета на него повеќе, и тоа му беше јавено од страна токму на холанѓанецот телефонски. Тоа Суарез очигледно го сфати како негово непочитување, па вчерашниот гол едвај го дочека за да исценира телефонско јавување кон Куман овојпат за да му „јави“ дека уште повеќе му го загорчил животот.