Шкупи гази ли гази, совладан и Работнички во скопското дерби! (видео)

367

Шкупи со 2:0 славаше во дербито на 9.коло или во скоопската пресметка со Работнички, одиграно на Чаир. Заслужен триумф на момците на Гоце Седлоски кои во манир на голема екипа ги искористи сите грешки на “романтичарите“.

Домашниот тим дојде во водство во 10.минута со голот на Сандеј, за да Трапановски во 75.минута ги постави конечните 2:0.

Треба веднаш да се каже дека Работнички, за разлика од првиот дел, покажа сила, создаде неколку шанси, и кога тоа не го искористи гостинскиот тим, сетоа тоа Шкупи го казни со гол на Трапановски за заслужена победа.

Посебно треба да се одбележе шансата на Ристевски кога неговиот шут со глава заврши за малку непрецизно.

Во финишот на средбата Работнички тргна со сите сили во напад, имаше акции и шанси, Дарбо ја погоди и стативата, но сепак веќе беше доцна. Треба да се каже дека и чаирчани имаа свои шанси.

Ова е шеста победа на Шкупи сезонава и за задржување на лидерската позиција, сега со два бода предноста пред Ренова, додека за Работнички ова беше втор пораз.

Табела: Шкупи 20, Ренова 18, А.Пандев 15, Работнички 15, Шкендија 14, Струга ТЛ 13…

ПретходноГолманот на Хановер изнесен на носилки од терен!
СледноToтенхем не дозволи четврти пораз по ред, Вест Хем изгуби дома (видео)