Херојот од Дебар Маало денеска полни 84.години!

139

На денешен ден пред 84 години (4.октомври 1937) се роди Херојот од Дебар Маало – ФК Работнички.

Дане Крапчев ја добил идејата за формирање на клуб кој би имал централно место во животот на Дебар Маало и сите случувања (спортски и револуционерни) во тој дел на градот.

Тој го предложил името Работнички кое ги освоило сите дебармаалци, фудбалскиот клуб да го носи името на работничката класа на која и припаѓаат, биле воодушевени и од изборот на црвената боја на дресовите…

Работнички во самостојна Македонија важи за вториот наш најтрофеен клуб. За градски клуб, за клуб кој секогаш е во центарот на збиднувањата во мак – фудбалот.

Спортмедиа“ како спортски медиум ја користи можноста да му го честита 84. роденден на еден од нашите најголеми клубови.

ПретходноКОМЕНТАР НА 9.КОЛО: Ете зошто Шкупи е Чаир а Чаир е Шкупи!
СледноМилан Ристовски: Да го дадеме максиумот против Лихтенштајн!