Ако не се вакцинира против Ковид-19, Ѓоковиќ нема да може да игра на Австралија Опен?!

151

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ може да се соочи со забрана за влез во Австралија на почетокот на следната година, доколку не се вакцинира против Ковид-19. Ако тоа се случи, Србинот нема да може да ја брани титулата на Австралија опен.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, кој е категоричен дека на тенисерите кои не се вакцинирани против Ковид-19 нема да им биде дозволено да учествуваат на турнирот. Според информациите, Ѓоковиќ се уште не е вакциниран.

„Титулата не дава заштита за никого. Единствената заштита е да се прими првата и втората доза на вакцината”, изјавил Ендрјус.

ПретходноЃорѓиев со победа и 11 реализирани поени почна со АЦХ Волеј Љубљана
СледноКожув и ТФТ со слични амбиции го чекаат својот прв меч во новата сезона