Ангели во историската сезона има зацртано две цели

193

Екипата на Ангели е вториот дебитант во новата натпреварувачка сезона. До прволигашкиот статус стигна импресивно, па тимот од Кисела Вода би битката меѓу најдобрите влегува со две цели.

Првата е младите кошаркарки заедно со странците да собираат искуство, втората е да се остане во ова друштво и следната сезона.

„Како тренер на КК Ангели во првата, односно деби сезона во историјата на клубот, очекувањата, како мои, како тренер така и амбицијата на клубот е да се претставивме во што подобро светло. Односно од натпревар во натпревар да играме се подобро и подобро Предизвикот е огромен, покрај странците во екипата, сакаме да им дадеме шанса и на останатите наши млади играчи кои го изборија пласманот во највисокиот ранг. И со самото тоа и да ги однесеме на едно повисоко ниво во нивната игра. Секако примарна цел е опстанок во најелитното натпреварување“, изјави Горан Ѓорѓиевски.

Прв противник на Ангели ќе биде тимот на Куманово, кој дефинитивно е фаворит на оваа средба, дуелот се игра со почеток во 18 часот.

За разлика од дебитантот, Куманово има повисоки цели, за тоа говори и ростерот.

„Играчкиот ростер го комплетиравме и сега нестрпливо го очекуваме стартот. Одигравме неколку пријателски средби каде пробувавме комбинации за што подобро воигрување на кошаркарите. Искрено посакувам што подобро да се претставиме во сите натпреварувања како и што подалеку да отидеме во сите од нив. Задоволен ќе бидам ако наметнеме свој стил на брза и атрактивна кошарка, а резултатот сам ќе си дојде“, најави Игор Ѓорѓиевски, кој доби шанса да го води овој тим и оваа сезона.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

4. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

17.30: Кожув – ТФТ

Сала „26.април“ – Гевгелија

18.00: Куманово 2009 – Ангели

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ:

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром   82:79

Феникс 2010 – Навико Академија ФМП    70:68

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички    78:85

Еуро Никел 2005 – Гостивар    88:77

ПретходноВаленсија ја почна неделата со Димитријевиќ: Македонската магија во Шпанија (ВИДЕО)
СледноМбапе отворено за својот статус во ПСЖ: Им најавив дека сакам да си одам!