Екипата на Куманово ја оправда фаворитската улога против Ангели во рамките на првото коло во новата сезона. На домашен терен славеше со 73-64 во меч во кој гостите пружија силен отпор.
Кошаркарите на Ангели одиграа одлично во првото полувреме, домаќинот за нијанса беше подобар, на одморот имаше минимална предност од 36-34. Третата четвртиина беше пресудна, домаќинот одигра посигурно и дојде до предност од 56:48, на момент имаше и двоцифрено водство, но истото веднаш беше стопено.
Холмс даде 16 поени, додека Кејлеб имаше 14, Каплановиќ заврши со 13, а Зивчевиќ со 10.поени за Куманово 2009. Во гостинската екипа, странскиот „трилинг“ Васар, Шумбри и Мандерсон комплетираше 45 поени.