Валенсија ја почна неделата со Димитријевиќ: Македонската магија во Шпанија (ВИДЕО)

257

Ненад Димитријевиќ брзо се вклопи во системот на новиот тим Валенсија. Македонскиот репрезентативец ги одигра четири меча во новата сезона во Лига Ендеса и со својата игра потврди зошто направи голем трансфер ова лето.

Нено на последната средба беше втор стрелец во победата над Сарагоса, втора оваа сезона. Нашиот плејмјекер постигна 16 поени и тоа не било какви, па Валенсија понеделнички одлучи да го сподели најдоброто од Нено, токму од дуелот кој се играше во саботата.

ПретходноЕкс-вардарките Цвијиќ и Лекиќ се збогуваа со националниот дрес
СледноАнгели во историската сезона има зацртано две цели