Викендов во Прилеп со натпреварот од првата лига за сениорки меѓу Младост 96 и Рисови официјално беше означен стартот на новата сезона 2021/22 во пинг-понгарското првенство на Македонија. Прилепскиот состав Младост 96 стартуваше со победа од 4:2 над Рисови, по што следуваа и останатите дуели на клубовите од Супер и Првата лига.
Шампионот од минатата сезона со максимални 4:0 го совлада Шампион ФА со што го најаваи походот кон одбрана на шампионската титула за која најсериозен противник ќе имаат во Крива Паланка 2007 кои на стартот го совладаа Работнички со 4:1.
Најинтересниот натпревар во рамките на првото коло го одиграа Младост од Прилеп и Вардар од Скопје. Поуспешни беа Младост со 4:3, во натпревар кој беше неизвесен до последниот поен, всушност последните два поени го одлучија победникот.
Телеком НЕЦ 2 беше поуспешен со 4:2 од Радовиш, а слободна беше екипата на Рисови, бидејќи екипата на ППК Мултитекс од Битола пред самиот старт на лигата поради финансиски проблеми го откажа своето учество во првенството.
Натпреварите од Супер лигата продолжуваат на 24 октомври, кога ќе се одиграат второто и третото коло.