Гвардиола криел пари на офшор сметки во времето кога беше тренер на Барселона!

1132

Меѓународниот конзорциум истражувачки новинари го објави Досието „Пандора“ за можна вмешаност на светски лидери и познати личности во офшор шеми. Интересно, на списокот на лица вклучени во истрагата се појави и името на менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола.

Како што објави шпанското издание на весникот „Ел Паис“, за време на годините кои Пеп ги помина како главен тренер на Барселона, шпанскиот стратег неколку години поседувал сметки во банка во Андора. Според изворот, Гвардиола таму криел 500.000 евра од шпанската даночна служба.

Според извори блиски до Гвардиола, тој на овие сметки ги чувал хонорарите добиени од катарскиот клуб Ал-Алхи, за кој играше од 2003 до 2005 година.

ПретходноБарди ќе има нов тренер: Леванте му врачи отказ на Пако Лопез
СледноВо јануари Атлетико (М) ќе се обиде да го добие Тимо Вернер