Српската ракометна репрезентација во иднина нема да смета на две големи имиња. Екс-вардарките, Драган Цвијиќ и Андреа Лекиќ се збогуваа со националниот дрес, одлучија дека сега е вистинско време да се повлечат.
Ова пак е проблем за Србија, и двете се години беа едни од главните носителки на играта во оваа репрезентација.
„Разговарав со Андреа Лекиќ ме извести дека повеќе нема да игра за репрезентација. Истото ми го кажа и Цвијиќ која се збогува“, потврди предводник на Србија, Урош Брегар.
Србија ќе игра квалификации за ЕП против Турција на домашен терен и против Исланд на гости.