Ердал Ракип го одработи првиот тренинг со своите репрезентативни колеги!

304

Попладнево нашата најдобра фудбалска репрезентација го одработи првиот тренинг во пресрет на мечевите со Лихтенштајн и Германија. Познато е дека прво играме на гости со Лихтенштајн на 8 октомври, за да три дена подоцна ја дочекуваме Германија.

Тука беше и новото име во нашиот табор, Ердал Ракип, членот на Малме. Од офанзивниот играч за врска сите очекуваме многу, посебно селекторот Благоја Милевски.

Ракип со посебно задоволство го одработи својот прв тренинг со своите колеги, не крие дека очекува шанса да ги искаже сите свои квалитети.

ПретходноМилан Ристовски: Да го дадеме максиумот против Лихтенштајн!
СледноБобан Николов: Зошто пак да не ја победиме Германија?