Кожув и ТФТ со слични амбиции го чекаат својот прв меч во новата сезона

103

Кошаркарите на Кожув и ТФТ денеска од 17:30 часот во Гевгелија ќе го одиграа претпоследниот меч од 1. Коло во новата сеозна од домашното првенство. Во пресрет на мечот, тренерот на домашните, Павле Николов смета дека неговиот тим добро ги одработи подготовките и со нетрпение го чекаат првиот меч.

„Доста добро ги одработивме подготовките за новата сезона, и покрај тоа што ни недостасуваше играч на позицијата центар кој се надевам дека ќе го ангажираме што поскоро за да бидеме комплетни за првиот натпревар во сезоната против екипата на ТФТ. Не одигравме многу пријателски натпревари во претсезоната, но она што можев да го видам на теренот, сигурен сум дека овие момци ќе бидат подготвени за борба. Очекувањата се пласман во Суперлигата, на тоа целиме. Задржавме дел од костурот на екипата од претходната сезона и го дополнивме со неколку квалитетни имиња. А доколку не служи здравјето зошто да не направиме и нешто повеќе“, вели Николов.

Во пресрет на дуелот, свој став има и тренерот на ТФТ, Боро Смилковски.

„Претходната сезона целта беше опстанок, а оваа сезона одиме амбиција погоре, односно пласман во Суперлигата. Доколку имаме шанса за повеќе сигурно ќе се обидеме да ја искористиме. Мислам дека ќе биде изедначено првенство со неколку екипи кои отскокнуваат. Но во секој случај мислам дека не постои непобедлива екипа, и секој може да добие секого. Секој натпревар е важен и знаеме како беше претходната сезона, кога во последното коло се одлучуваше за крајниот изглед на табелата“.

ПретходноАко не се вакцинира против Ковид-19, Ѓоковиќ нема да може да игра на Австралија Опен?!
СледноНов проблем за Анчелоти: Се повреди и Камавинга