КОМЕНТАР НА 9.КОЛО: Ете зошто Шкупи е Чаир а Чаир е Шкупи!

226

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Се чини дека конечно дојде крај на маките на Шкупи. Имено по една година играње на туѓ терен како домаќин, на “Борис Трајковски“ и на ФФМ, еве веќе две кола Шкупи своите мечеви како домаќин ги игра на својот Чаир. На својот фудбалски храм.

И веднаш се гледа дека кога игра на својот Чаир како домаќин, пред своите фанови, тогаш Шкупи е нешто сосема друго, тогаш Шкупи е некоја друга димензија.

Тогаш е полесно за сите. Совладан Борец со 3:0, вчера падна и Работнички со 2:0.

Тоа е Чаир.

Паузата Шкупи ќе ја мине како првопласиран на табелата со два бода предност пред втората Ренова.

Сега веќе нема криење, сега Шкупи, откако покажа најмногу во изминатите девет кола, со право е легитимен фаорит за титулата.

СЕ “РАЗБУДИ“ ЛИ ШКЕНДИЈА?

Шкендија немаше никакви проблеми со Борец. Лесни 3:0 уште во првиот дел, сосема доволно за да не се нервива Бруно на клупата во второто полувреме. Се останато беше само одработување на работата што се вели. Да, Шкендија се очекуваше да победи, но исто се очекуваше Борец да даде поголем отпор.

Македонија ЃП по трите порази во серија конечно дојде до бод. Сепак и на дуелот со Ренова се спаси дод пенал. “Гипсарите“ водеа, имаа три бода в џеб што се вели, но сепак спасот дојде од пенал за “лавовите“.

Академија Пандев како полека да паѓа во формата. Три меча по ред и ниту една победа, од можни девет бода освоени се само два. Така, не се доаѓа до титулата, посебно ако ремизираш на гости со Пелистер и Скопје а дома загубиш од Шкупи.

ТИКВЕШ КАКО ДА ФАЌА РИТАМ, СРЕЌНИ ШТИПЈАНИ

Влатко Костов и неговиот Тиквеш како да фаќаат ритам. По деби победата над Македонија ЃП, завчера во Битола кавадарчани дојдоа до зацртаната цел, а тоа беше бод против Пелистер. Според играта Тиквеш веројатно заслужи и нешто повеќе, но сепак најважно е што не се загуби.

Брегалница ја победиа квалитетна Струга Трим Лум, но со многу, многу среќа. Така велиме зошто во 90+4.минута гостинскиот фудбалер Кочоски ја погоди стативата на домашните. Што ли ќе беше ако топката милиметри одеше во друг правец? Можеме само да погодуваме.

ПретходноГолот на колото доаѓа од трета лига (ВИДЕО)
СледноХеројот од Дебар Маало денеска полни 84.години!