Македонскиот интернационалец од Малме, Ердал Ракип денеска за прв пат и се стави на располагање на нашата репрезентација. На повик на селекторот Благоја Милевски, Ракип денеска се јави на прозивката на репрезентацијата по повод претстојните квалификациски дуели против Лихтенштајн на гости на 8. односно со Германија на 11 на домашен терен.
Ракип за прв пат ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија откако ги промени нациоалните бои. Има голем број на настапи за младите селекции на Шведска, но никогаш за сениорите. ФИФА дозволи промена на спортскиот пасош и Ракип не засилува за претстојните мечеви.
Доаѓа во вистинско време со оглед на проблемите кои ги имаме во средниот ред.