Македонија и Црна Гора пред публика

135
Македонската женска ракометна репрезентација во четврток го игра првиот меч од ЕХФ купот. Во Скопје гостува селекцијата на Црна Горан. Дуелот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:15 часот, а за првпат вратите ќе бидат отворени за навивачи, влезот е слободен.
„Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 (Сл.Весник бр.199 од 25.08.2021 г.) дозволен е максимум 30% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект .
При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :
– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :
– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија“, соопштија од РФМ.
ПретходноНа пионерски атлетски Куп на Македонија поставени се два рекорди
СледноМакедонија го пречека Ердал Ракип