Манасков со девет гола го „почести“ ККФТ Веспрем

133

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков и неговиот Веспрем дојдоа до четвртата победа оваа сезона во унгарскиот шампионат. На гостински терен беа убедливо подобри од ККФТ Веспрем со 25-37.

Манасков беше еден од најдобрите на теренот, постигна девет гола од 11 обиди. Неговиот тим победата ја пбезбеди во првото полувреме по кое имаше предност од 12-23.

Веспрем се наоѓа на второто место на табелата зад Пик Сегед, кој има два меча повеќе, имаше шест победи во низа.

ПретходноАнгели не дозволи лесна победа за Куманово
СледноТИМ НА 9.КОЛО: Трапановски е најдобриот меѓу најдобрите!