Мбапе отворено за својот статус во ПСЖ: Им најавив дека сакам да си одам!

365

Килијан Мбапе пред неколку дена во интервју за Радио „Монте Карло“ го објасни својот статус во ПСЖ по бурното лето во кое постојано се зборуваше за негово заминување од клубот.

Францускиот фудбалер веќе со години се поврзува со Реал Мадрид, малку фалеше да направи трансфер, но сега се чини дека таа приказна е извесна.

Мбапе не потпиша нов договор со ПСЖ, а во текот на следното лето ќе замине како слободен играч.

„Барав да си одам од клубот ова лето бидејќи во тој момент не сакав да го продолжам договорот, сметав дека клубот може добро да заработи и да донесе квалитетна замена. Не ми се допаѓа тоа што го кажаа пред крајот на август, се чувствував како крадец.

ПСЖ е тим кој ми даде многу. Секогаш бев среќен, секоја година беше посебна за мене. Заминувањето го најавив доволно рано за да имаат време да се подготват. Луѓето зборуваат дека сум одбил седум понуди, тоа не е вистина. Мислам дека чесно го најавив моето заминување“, рече Мбапе.

Пред некој ден Карим Бензема исто потврди дека од новата сезона во составот на Реал ќе биде токму францускиот фудбалер.

ПретходноАнгели во историската сезона има зацртано две цели
СледноЈокиќ ужива – навивачите на Денвер бесни (ВИДЕО)