Денеска стартуваа подготовките за мечевите на нашата најдобра фудбалска репрезентација против Лихтенштајн и Германија, на 8 и 11 октомври. Ова се два мепча од квалификациската група за пласман на СП во Катар 2022 година.
За тоа што може да се очекува, свој коментар има Милан Ристовски, нашиот млад напаѓач:
“Повеќе од сигурно е дека мечот за Лихтенштајн за нас е многу значаен. Ако успееме да ги освоиме тие три бода, ако успееме да победиме, тогаш секако дека во одлична атмосфера ќе `влеземе` на мечот со Германија, која ја дочекуваме на 11 октомври. Секој меч е тежок, нема полесни и потешки натпревари. Треба да се даде максимумот, да бидеме вистински и се надевам на добар исход. Во врска со притисокот. Секако дека кога играш за Македонија, кога би браниш боите на државата, постои одреден притисок“ изјави Ристовски.