Според „MilanNews.it“ трофејниот италијански клуб Милан преговара со својот тренер Стефано Пиоли за продолжување на соработката. Ова доаѓа по најдобриот старт на екипата по речиси 20 години, „росонерите“ се второпласирани на табелата со 19 поени што е нивен најдобар скор по сезоната 2003/04 кога беше освоено „скудетото“.
И покрај поразите од Ливерпул и Атлетико во ЛШ, од Милан се задоволни како се одвиваат работите во Серија А. Во неделата беше совладата Аталанта со 3:2.
Актуелниот договор на Пиоли со Милан истекува на крајот на оваа сезона, а тој го наследи Марко Џампаоло во октомври 2019 година. Инаку Пиоли на клупата на „росонерите“ досега запиша 56 победи, 23 ремија и 18 порази. Исто така го освои второто место минатата сезона со што клубот се врати во ЛШ по пауза од седум години.
MN – Pioli-Milan, c’è aria di rinnovo. I suoi meriti dentro all’exploit rossonero (PODCAST) https://t.co/eDZADudQgo
— MilanNews.it (@MilanNewsit) October 4, 2021