Насмевки кај „Модрите“ Македонци

271

Полека но сигурно се комплетира Македонската фудбалска репрезентација пред претстојните квалификациски дуели со Лихтенштајн на 8 односно Германија на 11 октомври.

Повеќето од репразентативците пристигнаа во базата, а тука се и Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Соиграчите од Динамо Загреб се тука и му се ставаат на располагање на селекторот Благоја Милевски. Нивните насмевки ни кажуваат дека се подготвени и со добро расположение, што секако и тоа како ни треба.

Денешниот тренинг на репрезентацијата започнува од 17:00 часот.

 

ПретходноРепрезентативците на „кафе“ фотосесија
СледноХерера заигра по цели два месеци