Сити најави жалба: Навивач на Ливерпул ги плукал помошниците на Гвардиола

223

По вчерашното супер-дерби во Премиерлигата, од Манчестер Сити најавија жалба против екипата на Ливерпул поради потегот на еден од навивачите на домашните, кој наводно плукнал некого од стручниот штаб на „граѓаните“.

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази уверување дека Ливерпул ќе го казни сторителот.

„Слушнав нешто од толпата, нешто не многу пријатно во однос на нашето место. Но, не знам што точно се случило, но знам дека има и снимка“, изјавил Пеп.

„Прилично сум сигурен дека Ливерпул ќе преземе акција против овој човек, ако е тоа така. Ливерпул е над ова однесување. Ништо нема да го промени моето воодушевување од овој клуб“, изјави Гвардиола.

 

ПретходноНов проблем за Анчелоти: Се повреди и Камавинга
СледноЕкс-вардарките Цвијиќ и Лекиќ се збогуваа со националниот дрес