Без Енис Барди, но со Ердал Ракип и се разбира Аријан Адеми, денеска со собирот и првиот тренинг стартуваше операцијата “Лихтенштајн и Германија“ на нашата најдобра фудбалска репрезентација.
Во добра атмосфера, со верба во себе и своите квалитети се очекува да се скокне првата пречка во овој октомври, а тоа е Лихтенштајн во Вадуц, за да потоа на Арената во Скопје во победничка атмосфера ја дочекаме силната Германија.