СУПЕРКЛАСИКО: Еуфорија на “Монументал“, Ривер ја победи Бока во најголемото дерби во светот!

291

 

Ривер Плата ја победи Бока Јуниорс со 2:1 во СУПЕРКЛАСИКО бр.256, во најголемото и најважно дерби во светскиот клупски фудбал. Ова беше меч од 14.коло во првенството на Аргентина, а Ривер заслужено освои три бода, иако според шансите триумфот можеше да биде уште поубедлив. Стрелец на головите за победничкиот тим беше Хулиан Алварез, во 25. И 43.минута, посебно прекрасен беше првиот гол, вистинска мајсторија.Бока успеа да намали на 2:1 и тоа во 90+4.минута преку Замбрано.

Сепак се можеше да биде поинаку ако Бока не играше речиси цел меч со играч помалку.Имено Маркус Рохо во 16.минута заработи втор жолт, односно црвен од страна на судијата Рапалини, и мораше предвреме да го напушти теренот. Со тоа ги остави своите соиграчи на цедило, и во тој момент се чини дека се реши победникот на ова спектакуларно дерби.

Во вториот дел Ривер рутинирано настојуваше да ја држи контролата на теренот, сепак имаше и шанси, и тоа три зицери за уште поубедлив триумф.

Инаку на “Монументал“ во Буенос Аирес, после 582 денови за првпат имаше гледачи, и тоа половина капацитет од стадионот или 36.000  фанови на Ривер, кои во текот на целиот меч не престанаа да пејат и да ги бодрат своите фанови.

Ова беше прва победа на Ривер над Бока на свој терен по цели 11 години во првенството. Ова беше уште еден спектакуларно СУПЕРКЛАСИКО, нешто вообичаено кога играат Ривер Плата и Бока Јуниорс на радост на сите вистински фудбалски фанови во светот.

ПретходноНајдобар пласман за Вуков сезонава
СледноВо Италија никој не може да го победи Мурињо на домашен терен