ТФТ со триумф над Кожув за добар старт на сезоната

114

ТФТ со победа ја стартуваше сезоната во нашата најквалитетна лига во кошарка. Оваа екипа како гостин славеше со 77-88 (15-27,18-22, 26-22, 18-19) над составот на Кожув, и тоа на негов паркет.

Речиси во текот на целиот меч гостите беа подобар противник, посебно во првата четвртина која ја завршија со 12 поедни разлика. Водството се зголеми во втората, за да потоа Кожув пружи каков – таков отпор. Сепак на крајот убедлив триумф со 11 поени разлика за стартни бодови за тимот на ТФТ.

Најдобар поединец кај победникот беше Хортон со 24 поени, Маслинко реализираше 13, додека кај домашните Граниќ имаше 23 поени.

ПретходноИ Ватфорд потврди: Добредојде Клаудио!
СледноСтартуваше операцијата “Лихтенштајн и Германија“! (ВИДЕО)