Уште една тренерска смена во Ла Лига

235

Последнопласираниот во Ла Лига Хетафе го отпушти тренерот Мичел по слабиот старт на сезоната, соопштија од клубот. Поранешниот халф на Реал Мадрид, кој претходно беше тренер на Хетафе од 2009 до 2011 година, повторно го презема кормилото на овој мадридски клуб на почетокот на сезоната.

Но екипата освои само еден бод по првите осум кола оваа сезона, а тој бод е освоен во неделата против Сосиедад (1:1).

Мичел е тренерот кој ги има двата најлоши старта во поновата историја на Ла Лига. Сега со Хетафе и претходно со Малага во сезоната 2017/18 кога исто така освои само еден бод по првите осум кола.

Локалните медиуми шпекулираат дека нов стратег ќе биде Кике Санчез Флорез кој работеше 54 дена на кормилото на Хетафе во 2015 година но напушти од лични причини.

Инаку отказот на Мичел е второ во последните 24 часа во Шпанија. Пред него отказ доби тренерот на Леванте Пако Лопес.

ПретходноOрие е нов играч на Виљареал
СледноMaкедонски залет за Лихтенштајн и Германија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)