Ѓорѓиев со победа и 11 реализирани поени почна со АЦХ Волеј Љубљана

176

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев со победа стартуваше во дресот на својот нов клуб, словенечкиот одбојкарски гигант АЦХ Волеј Љубљана. Во премиерниот меч од новата сезона на словенечкиот шампионат, одбојкарите на АЦХ Волеј Љубљана славеа со убедливи 3:0 на гостински терен против екипата на Панвита и покажаа дека сосема оправдано ја имаа улогата на голем фаворит пред почетокот на мечот.

Нашиот репрезентативен коректор во свој стил го одигра првиот меч за новиот тим реализирајќи 11 поени. Ѓорѓиев на крајот заврши како втор најдобар поентер во победничкиот тим.

Оваа сезона, АЦХ Волеј Љубљана освен во словенечкото првенство, ќе се обиде да ја освои титулата и во регионалната МЕВЗА лига, но ќе игра и во ЦЕВ Челинџ купот.

 

ПретходноМакедонија, сепак, без Барди за дуелите со Лихтенштајн и Германија
СледноАко не се вакцинира против Ковид-19, Ѓоковиќ нема да може да игра на Австралија Опен?!