Абрахам се врати во селекцијата на Англија по одличните настапи за Рома

122

Напаѓачот на Рома Тами Абрахам се враќа во репрезентацијата на Англија за претстојните квалификациски дуели со Андора во гости и Унгарија на „Вембли“ . 24-годишниот фудбалер го замени Челзи за Рома и игра одлично во Серија А. Досега постигна четири гола и оствари две асистенции, а интересно е што дури шест пати ги погодил рамките на голот.

Како и да е, тој направи добар потег што го напушти Челзи по доаѓањето на Лукаку, а во Рома игра фантастично. Ова е прв повик во селекцијата на Англија по ноември 2020, а веќе има шест настапи и еден гол – против Црна Гора во ноември 2019.

На списокот го нема Рис Џејмс поради повреда, а повикан е Бен Чилвел. Тука се уште Лук Шо, Киран Трипие, Кајл Вокер, Оли Воткинс, Хари Кејн, Букајо Сако, Џедон Санчо, Џек Грилиш…

 

ПретходноМилан сака да го продолжи договорот со Пиоли
СледноНа Сити не му е доста, пак ќе ја засилува одбраната