Во Италија никој не може да го победи Мурињо на домашен терен

189

58-годишниот португалски стратег Жозе Мурињо, оствари уште едно големо статистичко достигнување победувајќи го Емполи со 2-0 во 7-то коло од италијанското првенство на домашен терен. Според статистиката, „Специјалниот“ стигна до бројката од 42 последователни натпревари без пораз на домашен натпревар во италијанското првенство. Оваа бројка е рекорд во ерата на натпревари за кои за победа се доделуваат по три бода, практично од сеозната 1994/1995.

Рома дојде до 15 бода и се искачи на 4 -то место во табелата во Серија А и најави дека оваа сезона сериозно ќе се вмеша во битка за освојување на Скудетото без разлика на стартната доминација на Наполи.

ПретходноСУПЕРКЛАСИКО: Еуфорија на “Монументал“, Ривер ја победи Бока во најголемото дерби во светот!
СледноВикендов стартуваше новата сезона во пинг-понгарското првенство