Од Јунајтед му веруваат на Солскјер

152

Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд изјави дека клубот потполно му верува на менаџерот Оле Гунар Солскјаер и со тоа ги отфрли шпекулациите дека тој може да биде сменет доколку продолжат негативните резултати.

„Значително го засиливме тимот ова лето. Пристигнаа Роналдо, ВАран, Санчо Хитон. Овие нови играчи покажуваат дека се уште сме во можност да ги привлечеме најдобрите играчи. Исто така, цврсто сме посветени на Оле и веруваме дека тој ќе ни донесе успех на теренот. Градењето тим е тековен процес, но ние сме цврсто убедени дека сме на добар пат “, рече Ед Вудворд, кој ќе ја напушти функцијата на крајот на годината.

ПретходноЏигероски нов тренер на Охрид, Јакупи не е веќе стратег на Беса!
СледноГолот на колото доаѓа од трета лига (ВИДЕО)