Ги исфрлија од Купот на Франција, откако возачот на автобусот ги однел на погрешно место

175

Неверојатни информации доаѓаат од Франција. Фудбалерите на Тарб се исфрлени од четвртото коло во рамките на тамошниот Куп поради грешка на шоферот на автомусот, кој ги возел.

Наместо во Варб, мало место кое има 1.200 жители, гостите стигнале на погрешна дестинација која била на 80 километри од вистинската локација. Тие стигнале со задоцнување, но делегатот на мечот не дозволил да се одигра натпреварот и истиот го запишал како службена победа за домаќинот.

“Беа многу разочарани … Патуваа седум часа. Најлошото беше кога стигнаа до мост на околу километар оддалеченост од стадионот. Автобусот не можеше да помине понатаму, па излегоа со брзина и почнаа да трчаат до стадионот за да стигнат што е можно поскоро.Се надевам дека во следното коло ривалите веднаш ќе го најдат нашето место и ќе дојдат на време“, изјавија од таборот на домашниот тим.

ПретходноДаде 23 гола на 22 натпревари за Малме и го повикаа да го менува Халанд
СледноПобеднички старт за Рајковиќ со Автодор во ВТБ-лигата